Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2 јули 2017 година (недела), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.Наум Охридски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. 3 јули 2017 година (понеделник), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на…
повеќе...Tag: вера
Светиот пророк Елисеј и Свети Методиј, патријарх Цариградски
Светиот пророк Елисеј Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го загрна со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш си го остави домот и тргна по Илија. А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, Елисеј остана и ја продолжи пророчката служба со поголема сила…
повеќе...Света Ана и нејзиниот син Јован
Денес е празник посветен на Света Ана и нејзиниот син Јован. Како сираче земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи добродетелна девојка, овој големец ја омажи за неговиот син. Кога умре старецот големец, навалија роднините врз неговиот син да си ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството. Но синот на големецот се боеше од Бога да го направи ова и не сакаше. Гледајќи го мажот во раздор со роднините, Ана го остави тајно…
повеќе...Св. апостоли Вартоломеј и Варнава
Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи. Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Вар¬нава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите…
повеќе...Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски
Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, Свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа чудотворно да им помагаат на луѓето и да ја објавуваат силата Божја.
повеќе...Светите маченици Александар и Антонина
Денес е празник посветен на Светите маченици Александар и Антонина. Обајцата беа од Александрија: Антонина чесна девица, а Александар царски војник. Обајцата христијани. Прва беше изведена на суд и на мачење Антонина. Па кога ја фрлија во затвор, на заповед од ангел Господов Александар отиде во затворот (иако дотогаш не ја познаваше Антонина), ја загрна со војничкиот плашт и ѝ рече да ја наведне главата и да помине покрај стражите пред вратите. Така девицата побегна, а тој остана во затворот. Тогаш го изведоа Александар пред судот и почнаа да го…
повеќе...Свети Кирил, архиепископ Александриски
По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во Црквата оној којшто…
повеќе...Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат
Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. Но на 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто Свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите предци“. Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на Свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на Свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жени и деца се населија во…
повеќе...Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски
Гонет од своите роднини, го напушти светот и се замонаши. Киевјаните, незадоволни од династијата Олгович, посакаа да ја истребат. Јурнаа на манастирот, го фатија невиниот и младиот схимник Игор и го убија. За ова злосторство многу беди ги снајдоа киевјаните. А на гробот на блажениот видоа свеќи коишто се запалија сами од себе, и тоа неколкупати. Над црквата каде што беше погребан се гледаше огнен столб. Ова се случи во 1147 година.
повеќе...Светите сестри Марта и Марија
Сестрите на Лазар. По Вознесението на Господ, Лазар отиде да го проповеда Евангелието. Во ова му помагаа неговите сестри. Не е познато каде се упокоија.
повеќе...