Ѓурѓовден се празнува на 6ти мај. Тој се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Житието вели дека Св. Ѓорѓи е роден во Кападокија, во Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште во детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи…
повеќе...Tag: вера
Светиот маченик Леонид
Денес е празник посветен на Светиот маченик Леонид. Таткото на Ориген. Пострада за Христа во Александрија во 202 година. Најпрво со царски указ му го одзедоа сиот имот, а потоа го осудија на смрт. Ориген му пишуваше на својот татко во затворот: „Не грижи се за нас и не го одбегнувај мачеништвото заради нас“ (т.е. заради децата).
повеќе...Светиот маченик Теодор и другите со него
За верата Христова пострада во Перга Памфилиска во времето на царот Антонин. Теодор беше млад и со убаво лице. Кога намесникот на таа област го избра заедно со други момчиња, за да ги испрати на служба во царскиот дворец, Теодор се спротивстави и изјави дека тој е христијанин. За ова беше мачен со разни маки, а потоа фрлен во оган. Но од земјата изби вода и го угаси огнот. Намесникот ова им го припишуваше на некои Теодорови магии. А маченикот му рече: „Ова не е дело на мојата сила, туку…
повеќе...Светите маченици Христофор, Теона и Антонин и Свети Трифун патријарх Цариградски
Светите маченици Христофор, Теона и Антонин Тројцата беа млади офицери кај царот Диоклецијан. Кога беше мачен Светиот великомаченик Георгиј, тие ги гледаа неговите маки и чудата што се извршија при тој настан. Кога го видоа сето тоа, излегоа пред царот и храбро го исповедаа името на Господ Исус. За ова беа подложени на големи маки и најпосле фрлени во оган, каде им изгореа телата, а душите им заминаа во вечната радост на Господ. Пострадаа чесно во Никомидија во 303 година. Свети Трифун патријарх Цариградски Царот Роман, а тој владееше со…
повеќе...Преподобен Јован
Ученик на Св. Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменин го подложи Св. Јован на маки заедно со неговиот учител Григориј и со Св. Јосиф Песнописец. Кога Св. Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, заради Царството Божјо тој го удвои својот подвиг. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта Св. Јосиф го погреба близу до гробот на неговиот учител Св. Григориј.
повеќе...Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски
Во времето на злочестивиот цар Савориј или Сапор, Симеон беше мачен за Христа заедно со неговите двајца презвитери, Авделај и Ананија. Пред нив пострада и царевиот евнух Устазан, којшто прво се одрече од Христа, а потоа трогнат од прекорот на Свети Симеон повторно пред царот ја исповеда вистинската вера. На губилиште заедно со Симеон беа изведени уште илјада христијани. Симеон некако се протна за да може да биде убиен последен, зашто сакаше да ги храбри другите докрај за ниеден од нив да не се поколеба од страв пред смртта. Кога…
повеќе...Отслужена литургија за Томина Недела
Денес, во Неделата по Пасха – Томина недела, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ Долна влашка маала во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати он верниците со пригодна беседа.
повеќе...Томина Недела
Првата недела по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“. Имено, по воскресението Христово, кога Христос им се јавил на апостолите да ги утеши и увери во Своето воскресение, светиот апостол Тома не бил…
повеќе...Ќе се служи Архиерејска литургија по повод Томина Недела
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници утре, во црквата „Св.Никола – Долна влашка маала – Охрид, ќе се служи архиерејска литургија, по повод празникот „Томина недела“. Литругијата ќе биде со почеток во 8:30 часот. WebOhrid
повеќе...Источен Петок Балаклија
Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во светлата недела, поради што некои го викаат и „светол“ петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, тој празник се вика и како благ петок. Со овој празник посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на мајката божја, затоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати…
повеќе...