HACCP презентиран и пред претставниците на казината и бањските лекувалишта

Во соработка со претставници од детските градинки, угостителите, хотелиерите, казината и бањските лекувалишта, неделава, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, се одржаа деветнаесеттата и дваесеттата работилница за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти. Со последните две работилници, на кои присуствуваа над 300 лица, со основите на HACCP системот за безбедност на храната, важноста од негово имплементирање и одржување, се запознаа операторите од Гевгелија, Дојран и Богданци. Работилниците кои се одржаа неделава во овие населени места, се дел од Акцискиот план на Агенцијата за храна и ветеринарство…

повеќе...

Успешно завршени преговори за извоз на македонското јагне

Во периодот од 08-14 октомври 2014 година, во Република Македонија престојуваше делегација на Народна Република Кина предводена од Заменик генерален директор на Сектор за регистрација при Институтот за сертификација и акредитација, во чиј состав беа и Заменик директорот на Сектор за надзор на храна при Биро за гранична инспекција и карантин, и Генерален директор на Институт за инспекција и карантин. Цел на посетата беше техничка контрола, односно запознавање со системот за безбедност на храна од животинско потекло во Република Македонија, во делот на официјалните контроли од страна на Агенцијата за…

повеќе...

И годинава висока оценка од Европската комисија за Агенцијата за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и оваа година доби висока оценка од страна на Европската комисија за напредокот во евро-интеграциските процеси за периодот октомври 2013-септември 2014 година, за Поглавјето 12 кое се однесува на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. Во претходните извештаи од страна на Европската комисија беше истакнато дека е обезбедено високо ниво на усогласеност со европското законодавство и политиките, вклучително и делот на административниот капацитет, a во последниот извештај на Комисијата, како клучни новини се потенцирани посветеноста на Агенцијата во имплементацијата на усвоеното…

повеќе...

Во тек се тендерските постапки за два ИПА проекти

Од Агенцијата за храна и ветеринарство известуваат дека во тек се две тендерски постапки за прибирање на понуди на проекти кои се финансираат во рамките на ИПА 2010, Компонента 1–ТАИБ, каде Агенцијата за храна и ветеринарство е институција корисник, одговорна за техничка имплементација на: 1. Договор за набавка на опрема за официјални контроли за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна област и канцелариска опрема за ГП Блаце и Табановце. Крајниот рок за доставување на понудите за овој тендер е 20 Октомври 2014, до Секторот за централно финансирање и склучување на…

повеќе...

Не ја допирајте мамката! Таа е наменета за лисиците

Почнувајќи од вчера, Агенцијата за храна и ветеринарство со поддршка на Европската унија ја спроведува седмата орална вакцинација на лиссиците со авионска дистрибуција на вакциналните мамки на територијата на цела држава. Вакциналните мамки се со кафена боја, со големина од 3 сантиметри, личат на чоколадни коцки направени од смеса со рибино брашно, имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците, а делува одбивно на луѓето. Во мамките е сместена пластична капсула во која се наоѓа вакцината во течна состојба која содржи ослабен вирус на беснило. Во мамките се наоѓа и…

повеќе...

АХВ: Нехигиената причина за труењата

Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од извршените лабораториски испитувања на земените мостри од храна и бриса од работни површини од сендвичарницата во скопската населба Драчево каде пред неколку дена се случи труење со храна. Со испитувањата на петте мостри храна, утврдено е присуство на колиформни бактерии во три мостри и присуство на бактеријата стептококус фекалис во една мостра. Во еден од земените 7 бриса од работните површини, утврдено е присуство на ентеробактер, на колиформни бактерии и на мувли. Сето ова укажува на нехигиена во објектот и несоодветна…

повеќе...

Досегашните резултати од лабораториските анализи негативни на листерија

По минатонеделното известување од Министерството за здравство, дека е детектирано присуство на Listeria monocytogenes во производ сечкан свински врат земен од малопродажен објект во Гевгелија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство преземаа опсежни контроли во месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово. Во рамки на контролите земени се вкупно 24 мостри од производи и адитиви кои се користат во производството, вклучително и од лотовите каде беше детектирано присуство на оваа бактерија, 10 брисеви од работни површини, машини како што се сецкалки, стерилизатори, комори и од други места каде евентуално…

повеќе...

Се чека копмлетирање на резултатите од анализите

Во врска со минатонеделните активности поврзани со контролите во месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, како резултат на известувањето од Министерството за здравство за детектирано присуство на Listeria monocytogenes во производ сечкан свински врат земено од малопродажен објект во Гевгелија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на законските надлежности зедоа мостри за лабораториско испитување од спорните лотови од производот сечкан свински врат, од работните површини, машините и од сите други места во погонот на оваа компанија, за утврдување на евентуално присуство на листерија. До Агенцијата за…

повеќе...

Објавена информативно-едукативна брошура за болеста Син јазик

Агенцијата за храна и ветеринарство подготви информативно-едукативна брошура за болеста Син јазик. Во брошурата се презентирани основите за тоа за каква болест станува збор, каде е распространета, како се пренесува, има ли и кој е ризикот по здравјето на луѓето, кои се клиничките знаци на болста, како и препораки за тоа што треба да се преземе за превенција и нејзина контрола. Брошурата можете да ја погледнете →тука←

повеќе...

Донесено решение за преземање на мерки во случак на сомнеж и појава на болеста син јазик во РМ

Врз основа на епидемиолошката состојба и потврда на случај на присуство на болеста Син јазик во општина Берово во атарот на селото Русиново во одгледувалиште на овци, 6 животни се позитивни на антитела, а во два од примероците со метода на PCR е утврден причинителот на болеста. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство издаде Решение за преземање на мерки во случај на сомнеж и појава на болест Син јазик на територијата на Република Македонија. Во соседните општини на општината Берово се земаат мостри од одгледувалишта, односно од сомнителните или…

повеќе...