ЈП „Охридски Комуналец” денеска започна со уредување на центрaлното градско подрачје, поточно потегот околу градското пристаниште по повод предстојниот празник „Богојавление“- Водици. „Се изврши китење на чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето со верски знамиња како и украсување на бродовите и канделабрите со бршлен и зеленика.“– велат од претпријатието. Како и секоја година на градското пристаниште се донесени 20-тина тезги кои ќе послужат за служење со топла ракија и вино на самиот празник. Исто така во градскиот парк во близина на рибниот ресторан старите корпи за ситен отпад…
повеќе...Tag: водици
Со хуманитарен концерт утре започнува програмата за Богојавление – Водици
Утре започнува официјалната празнична програма што по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици ја организираат општина Охрид и здружението за афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“. Годинава празничната програма ќе се реализира во пет дена. Утревечер со почеток во 19:00 часот во Центарот за Култура „Григор Прличев“ целовечерен концерт ќе одржат Културно уметничките друштва: „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“. Концертот има хуманитарен карактер односно во рамки на своите можности охриѓани и гостите може на пунктовите од Црвен Крст- Охрид кои ќе бидат поставени пред влезните врати на Центарот…
повеќе...Охрид се подготвува за Богојавление – Водици
Во знакот на христијанската вера и обичаи денеска започна украсувањето на централното градско подрачје и чаршијата по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици . Годинава празничната програма ќе се реализира во пет дена. Во петок со почеток во 19:00 часот концерт ќе одржат Културно уметничките друштва: “Гердан“,“Илинден“, “Охриѓанка“, “Плетенка“, “Филиграни“ и “Отекс“. Во сабота, точно напладне во црквата Св. Никола- Геракомија е предавање на кумство на годинешните кумови Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески а вечерта во 20 часот на градскиот плоштад концерт ќе одржи Каролина Гочева. Во недела во…
повеќе...Богата празнична програма за Богојавление – Водици
Со богата петдневна културно уметничка програма која е во склад со верските традиции и обичаи, општина Охрид и Здружението за афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“ се вклучуваат во одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната прес конференција ги обелодени деталите на обемната празничната програма која започнува на 16-ти јануари со концерт на Културно уметничките друштва, „Филиграни“, „Илинден“, „Ѓердан“, „Охриѓанка“, „Плетенка“ и „Отекс“ во ЦК „Григор Прличев“ со почеток во 19 часот. „Точно напладне на 17 јануари во црквата „Св. Никола- Геракомија“ ќе биде предавањето на…
повеќе...ВМРО-НП: Вранишкоски да го спушти светиот крст за да бидеме комплетни
ОК на ВМРО-НП Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „ВМРО – Народна партија го поздравува назначувањето на српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ за кум на годинешното празнување на христијанскиот празник Богојавление – Водици. Можеби едниствената „грешка“ која здружението и Локалната самоуправа е тоа што минатата година не ја назначи Лепа Брена за кума на празникот.“ Со ваквиот чин, не можеме да тврдиме, но најверојатно ќе се приближат ставовите на Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква и конечно ќе се реши долгогодишниот спор меѓу двете цркви. За…
повеќе...Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески кумови на Водици 2015
Градоначалникот Никола Бакрачески денес присуствуваше на свечената седница на Здружението на граѓани „Богојавление“ на која официјално беа избрани новите кумови на Водици 2015 во Охрид, балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески. „Празникот Богојавление Водици е не само симбол на православната вера туку во исто време е и симбол на радоста на охриѓани а неколку години наназад е симбол на радост на цела Македонија. Јас како граѓанин, како се уште актуелен кум на Водици и како градоначалник на Охрид се чувствувам гордо и почестено што денес се собравме…
повеќе...Во четврток ќе биде објавена програмата за Водици 2015
Здружението на граѓани „Богојавление“, во четврток, 4-ти декември, во малата сала на општина Охрид, со почеток во 12.00 часот ќе одржи свечена седница со следниот дневен ред: 1)Усвојување на записникот од предходната седница 2)Информација за припремата за рибната чорба 3)Избор на Кум за 2015 год 4)Разно.
повеќе...