Свечена академија по повод одбележувањето на Денот на Востанието на македонскиот народ

По повод одбележувањето на 11 октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа Свечена академија. На почетокот на свеченоста , градоначалникот Никола Бакрачески на присутните им го честита големиот празник, нагласувајќи дека Денот на востанието на македонскиот народ е и празник на македонскиот слободарски дух и непокор. „Денес, 73 години по започнувањето на четиригодишната народно-ослободителна епопеја на македонскиот народ во Втората светска војна, живееме во слободна и независна држава, што е остварување на многувековниот сон на македонецот. 11 октомври, не преставува само…

повеќе...

Утре ќе биде промовиран „Зборник за Охридското востание“

Утре, 7 октомври(вторник), со почеток во 12 часот во Центарот за Култура „Григор Прличев“ (изложбен салон) ќе се одржи промоција на „ЗБОРНИК за Охридското Востание“. На промоцијата свое учество ќе земат видни историчари од Македонија кои беа дел од научно-историскиот собир што се одржа во Охрид и Дебар по повод стогодишнината од Охридското востание. Промоцијата е од отворен карактер!

повеќе...

Во Велгошти одбележани 113 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско

По повод 113 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско, вечерва во атарот на манастирот „Света Петка“ – Велгошти се одржа пригодна свеченост, во организација на МК на ВМРО -ДПМНЕ од Велгошти. Советникот Илија Арнаудоски во воведниот збор го потенцира значењето на четата како за Велгошти така и за самиот охридски регион. Делегација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот, Гордана Коњаноска и секретарот Димитар Спасески, како и делегација на Месниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти положија свежо цвеќе на спомен плочата. „На наше огромно задоволство сме…

повеќе...