Уште најмалку 1.000 здравствени работници на едукација во странство

Најмалку 1.000 здравствени работници годинава ќе бидат испратени на едукација во странство. Eдукацијата на медицинскиот кадар во странство е уште една фундаметална мерка во насока на унапредување на здравствениот систем, со што овозможуваме и подостапни здравствени услуги за граѓаните, подобар квалитет на здравствените услуги, како и зајакнување на здравствената заштита на сите нивоа. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека со Законот за медицински студии и континуирана медицинска едукација на лекарите и друг здравствен персонал, едукацијата на медицинскиот кадар во странство е предвидена…

повеќе...

Од понеделник ќе можат да се подигнат eлектронските здравствени картички

Фондот за здравствено осигурување информира дека електронските здравствени картички (ЕЗК) за лицата кои поднеле барање, а сеуште не ги имаат добиено, се испечатени и дистрибуирани до подрачните служби денеска. „Од понеделник, 25-ти јануари, граѓаните кои имаат поднесено барање а немаат добиено електронска здравствена картичка, ќе може да си ја подигнат во подрачните служби на Фондот во местото каде што го поднеле барањето. Истовремено, нашите вработени во наредниот период ќе ги користат сите алатки за комуникација и ќе ги известуваат граѓаните да дојдат и да си ги подигнат картичките. Се работи…

повеќе...

Резултати од спроведени превентивните цели кај матичните лекари и воведување нови двогодишни цели за 2016-2017

Со реализацијата на проектот на Владата за превенција на трите хронични незаразни заболувања – кардиоваскуларни, бубрежни заболувања и дијабетес, овозможуваме рационализирање и правилно искористување на средствата на Фондот, како и подигнување на квалитетот на здравствена заштита во државата. Фондот, заедно со Лекарската Комора на Македонија и Здружението на приватни лекари на Македонија, лекарските здруженија и другите чинители на здравствениот систем, во договорите за 2014 година со приватните здравствени установи, воведе три цели како приоритет за превенција, информираат од ФЗОМ. Периодот во кој се спроведуваа договорените превентивни прегледи кај матичниот лекар…

повеќе...

Продолжува проектот „Фондот поблиску до пензионерите” и во 2016 година

Фондот за здравствено осигурување на Македонија како финансиска институција од јавен интерес во здравствениот систем на Република Македонија продолжува со својата отворена и конструктивна соработка со сите субјекти во здравствениот систем, во рамките на своите надлежности и согласно законските прописи. Важен чинител во здрвавствениот систем се здруженијаата на граѓани, а посебно место има Сојузот на пензионери на Македонија. „Фондот за здравствено осигурување има одлична соработка со Сојузот на пензионери на Македонија и на взамено задоволство заеднички утврди дека поради големиот интерес од страна на пензионерите за едукативни работилници, во 2016…

повеќе...

Малигно болните ќе ја добиваат терапијата во или блиску до местото на живеење

Почна спроведувањето на проектот на Министерството за здравство, кој ќе овозможи поголема грижа за лицата болни од малигни заболувања односно дисперзирано давање терапија на тие пациенти во нивното место на живеење или многу поблиску до нивното место на живеење, што ќе значи нивно растеретување од дополнителни трошоци, а ќе се овозможи и растеретување на Клиниката за онкологија во Скопје од зголемена фреквенција на пациенти. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција на која го образложи проектот, рече дека врз основа на темелна анализа на различните аспекти на лекувањето со…

повеќе...

Резултати од кол центарот за хронични пациенти

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните кои досега контактираа 19.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања се одвива според планираната динамика. „Со задоволство може да констатираме од досегашното искуството на 10 тима на вработени во Фондот кои ги контактираа осигурениците во овој период од три месеци дека продолжуваме да наидуваме на позитивен приeм кај осигурениците кои ги контактираме. Иако од досегашните јавувања се чини дека осигурениците се…

повеќе...

Концептот на слободни здравствени зони проширен со банско климатско лекување

Предлог-законот за слободни здравствени зони, како концепт за привлекување странски капитал кој предвидува воведување нови здравствени методи и постапки, трансфер на нова технологија во насока на подигнување на квалитетот на здравствена заштита во земјата е усвоен на Владина седница и е влезен во собраниска процедура, информира на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. Тој потенцира дека концептот на законот, кој веќе беше презентиран во јавноста, е проширен во делот на банско климатското лекување, а се вклучени и сугестии и предлози изнесени во рамки на неговата презентација како бизнис модел и…

повеќе...

Поголеми буџети за нови методи и повеќе здравствени услуги

Фондот за здравствено осигурување на Македонија 2016 година ќе ја започне со историски најголемиот буџет на институцијата во висина од 25 милијарди и 575 милиони денари. Овој буџет е за 1,4 милијарди денари повисок од минатата година, т.е. повисок е за 5,85%. Буџетот од околу 25,6 милијарди денари е двојно повисок во споредба со 2000та година е формиран фондот и кога изнесувал 12,5 милијарди денари, истакнаа на денешната прес-конференција директорите на ФЗОМ. „За правилна и транспарентна распределба на буџетот изминатите два месеци имавме преговори со чинителите на здравствениот систем и…

повеќе...

Груевски: Даночни осолободувања за развој на здравствениот туризам

Даночни осолободувања најмалку десет години кои ќе ги поттикнат инвеститорите да вложат во развој на здравствениот туризам, предвидува Владата. За оваа цел, како што информира денеска премиерот Никола Груевски, изготвено е и законско решение. „Со законот сакаме да мотивираме и охрабриме инвеститори кои се занимават со инвестиции во болници, клиники, во здравството, да инвестираат во овие слободни здравствени зони пред се заради создавање здравствен туризам“, рече Груевски по пуштањето во употреба на новата катна гаража „Кресненско востание“ и плоштадот „Мајка Тереза“, во близина на објектот на Македонската опера и балет.…

повеќе...

Од февруари повисоки плати за над 500 здравствени работници

Анекс на Колективен договор со кој ќе се овозможи сите здравствени работници со завршено високо образование (медицински сестри, рентген техничари, физиотерапевти, лаборанти, итн.) да добијат додаток на платата, како вреднување на стекнатото образование и стимулирање на овие здравствени работници во насока на целокупно унапредување на работниот процес, потпишаа денеска министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски. „Договорот стапува во сила со февруарската плата која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процент на корекцијата на платата е 36,9…

повеќе...