МЗШВ планира инвестиции во објекти и системите за наводнување на земјоделски површини

Во текот на годинава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство планира да инвестира околу 9 милиони евра во капитални објекти во областа на водоснабдувањето и системите за наводнување и одводнување, ќе продолжи да работи на чистење на каналите за наводнување, планира законски измени кои ќе овозможат подобро управување со системите, а има изготвено и 10-годишен проект за изградба на нови и санација на постојните системи за што има издвоено околу 200 милиони евра. Сите активности, како што појасни денеска на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостоспанство Михаил Цветков, треба…

повеќе...

Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јуни 2014 година изнесува 741 313 илјади денари што претставува намалување за 15.2 % во споредба со јуни 2013 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 12.4%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 29.2%. Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млекото, додека зголемување е забележано кај градинарските и…

повеќе...

Индекси на цените во земјоделството, јуни 2014

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јуни 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.8%, а кај аутпутот е намален за 5.4%. Во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.9. Во делот аутпут, во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува…

повеќе...

Намалена продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во мај 2014 година изнесува 760 096 илјади денари што претставува намалување за 17.7% во споредба со мај 2013 година.  Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 13.8%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 21.4%.  Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај следниве производи: жита, градинарски растенија, овошје, алкохолни пијалаци и добиток, додека зголемување се забележува кај: индустриски растенија, живина и јајца, млеко, млечни производи…

повеќе...

Економски сметки во земјоделството, по постојани цени

Пресметките на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економски сметки во земјоделството 138/2004. Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, како и потребата да се разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената на цените. Според ESA 95 (European System of Accounts), ценовната компонента треба да ги содржи промените што се однесуваат само на цените, а сите…

повеќе...

Зголемен бројот на откуп и продажба на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во април 2014 година изнесува 765 011 илјади денари што претставува зголемување за 10.5% во споредба со април 2013 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 9.9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 11.1%. Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај: индустриските, градинарските растенија, добитокот и млекото, додека намалување се забележува кај: житата, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млечните производи и рибата.

повеќе...

Јавен повик за користење средства за рурален развој

Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека  е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014  за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година. Во мерката  121 предвидени се средства  за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште, подигнување на нови лозови  и овошни насади…

повеќе...

Зголемена вредноста на откупени и продадени земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во март 2014 година изнесува 729 769 илјади денари што претставува зголемување за 24.7% во споредба со март 2013 година.  Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 76.8%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 26.7%.  Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај: житата, индустриските и градинарските растенија, млечните производи и рибата, додека намалување се забележува кај: овошјето, алкохолните  пијалаци, добитокот, живината и јајцата и…

повеќе...

Презентирани можностите за производство на органска храна

Одделението за локален економски развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделието при Секторот за туризам и локален економски развој, согласно својата стратегија за интензивирање на локалниот економски развој вчера   во општинската зграда ја одржа првата  едукативна работилница со земјоделските производители, хотелиери, угостители и потрошувачи  за начинот на производство и нејзина примена . На едукативната работилница предавач беше Горан Калев од Про- Церт, Македонско контролно сертификационо тело кое работи според законите на Р. Македонија. Калев на земјоделските производители, хотелиери, угостители и потрошувачи им го објасни начинот за контрола…

повеќе...

Субвенциите ќе се зголемат, извозот на земјоделски производи дуплиран

Субвенциите за земјоделство се зголемуваат од година во година. Истите редовно се исплаќаат. Оваа година за нив се наменети 140 милиони евра, изјави Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски во дневникот на Алфа телевизија. „Ние тоа го предвидовме во 5-годишната програма за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Минатата година одвоивме 135, годинава 140 милиони евра. Следните две години ќе се издвојуваат по 150 милиони евра. Следните 4 години нови 590 милиони евра. Како една директна поддршка за македонскиот земјоделец,“ рече тој. Ефектот од овие субвенции е огромен. „Во изминативе…

повеќе...