Бакрачески: Овој ден нека биде предвесник на новата светла иднина на градот Охрид

„Овој ден нека биде предвесник на новата светла иднина на градот Охрид што ќе ја доживеат со нас, со нашите програмски определби, кои што имаме намера да ги реализираме во наредните 4 години. Денес гордо стојам на ветувањето дека ќе спроведуваме една коректна, достоинствена и цивилизирана кампања“. – изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата За подобра Македонија д-р Никола Бакрачески, на денешната последна прес-конференција од оваа политичка кампања, одржана на градскиот полоштад.

Како што истакна Бакрачески, тој е особено горд на она што како средба го имале со граѓаните на Охрид и задоволен од она што го чул од нив.

„Тоа се граѓани кои што изминативе 8 години беа изложени на газење на нивното достоинство, на нивната гордост, културните, историските, традиционалните вредности на Охрид беа засенети. Сите тие граѓани бараат промена, бараат еден нов правец на движење на градот и во текот на оваа кампања имавме многу средби со нив, сите тоа го кажуваа јасно и недвосмислено. Ние ги слушавме нив од нив ја црпевме енергијата, ги црпевме нивните предлози и нивните идеи кои што ги компониравме во програмата, а тоа е програма која што е најсериозна, најобемна, која што било кога е создадена за градот Охрид. Охриѓани заслужуваат еден многу поинаков Охрид, Охрид заслужува многу поубава иднина, а иднината и светот го заслужуваат во сиот негов сјај“. – додаде Бакрачески.

Д-р Бакрачески уште еднаш ги повикува сите граѓани масовно да излезат на гласање, мирно, достоинствено и гордо да го дадат како што рече  гласот за ВМРО-ДПМНЕ, за  д-р Никола Бакрачески, да го заокружат бројот 19, затоа што само така нивните желби ќе станат реалност.

Се обрати и носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Јованка Точко.

„Ве повикувам да излезиме масовно на избори да избереме дела да избереме напредок, да избереме единство, да избереме промени кои охриѓани долго и нетрпеливо ги очекуваат, охриѓани долго чекаат да дојди новото време. Заокружете го бројот 19 за д-р Никола Бакрачески и бројот 4 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата“. – истакна Точко.

BakraceskiPlostad4 BakraceskiPlostad5WebOhrid