Норвешка 2:0 Македонија

Репрезентацијата на Норвешка славеше со 2:0 против Македонија во пријателскиот натпревар кој се одигра во Осло.

Без повеќе стандардни репрезентативци, нашата репрезентација делуваше немоќно. Иако на самиот почеток и во уште неколку наврати во текот на натпреварот нашите имаа шанси да постигнат погодок, сепак Норвешка беше репрезентацијата која искористи две шанси и победи со 2:0.

Уште во деветтата минута Скјелбред и донесе водство на Норвешка од 1:0. Во 60-та минута Бобан Грнчаров непотребно заработи црвен картон, а надбројноста ја искористи Норвешка и преку Браатен во 79-та минута го постави конечниот резултат 2:0.

WebOhrid