Едриличарскиот клуб „Бофор“ врши упис на нови членови

Едриличарскиот клуб „Бофор“ врши упис на нови членови на возраст од 8 до 12 години во школата за едрење која започнува утре, 16-ти јуни (понеделник) и ќе трае цело лето.

Уписите  ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа до мостот на каналот Студенчишта, од 9-13 часот од 16-ти до 19-ти јуни 2014 година.

Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски принципи и однесување на вода, како и основните регатни правила. Низ практичниот дел се изучуваат основното управување со едрилицата, едрење во различни курсеви во однос на ветерот, едрење по слаб и умерен ветер, основни едриличарски јазли.

Школата за едрење трае во текот на целото лето, а во зависност од напредокот, новите членови се вклучуваат во понапредна група и добиваат можност да настапат на дел од националните и меѓународни натпревари низ Европа на кои овој клуб е редовен учесник.

За дополнителни информации контактирајте преку официјалната FB страна: https://www.facebook.com/sailingclubbofor

или на е-пошта: sailingclubbofor@yahoo.com

BoforSkola2 BoforSkola01