Тешка кражба во манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево

Манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево беше мета на засега непознат сторител, кој ноќеска извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил три сребрени крста, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“.

Тешката кражба во манастирот е извршена околу два часот ноќеска откако претходно насилно и со подесен алат скршени се цилиндарот од металната решеткаста врата и резето од помошната просторија.

Сторителот, потоа насилно ја отворил дрвената врата од јужната страна на манастирот, се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории по што насилно ја отворил и дрвената врата за влез во олтарот. Оттука ги одзел трите крста и другите предмети по што преку малата црква „Св.Никола“ која е составен дел од манастирот избегал.

Екипи на полициската станица во Кичево извршија криминалистичко-технички увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.