Оштетените новогодишни реквизити по снежното невреме се репарираат и заменуваат со нови

По дводневното снежно невреме и по расчистување на градските улици, општина Охрид работи на санирање и ставање во функција на оштетените новогодишни реквизити.

Украсите и реквизитите што беа уништени во снежното невреме се репарирани или се заменуваат со нови.

Централното градско подрачје со плоштадот и чаршијата се расчистуваат од вчера. Плоштадот од синоќа е целосно чист.

Денеска се подига снежната покривка од чаршијата која целосно ќе биде чиста во текот на утрешниот ден.

Osteteni_rekviziti_4851 Osteteni_rekviziti_4852 Osteteni_rekviziti_4853