Отворен ден на Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со граѓаните на Охрид

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката, известува дека денес се спроведува проектот „Отворен ден со граѓаните“. Граѓаните ќе можат да се информираат за сите прашања кој што ги имаат по одност на конкретната Подружница во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката,како и подетално да се информираат за последното  намалувањето на цените на комерцијалните станови во Охрид.

Средбите со граѓаните ќе ги одржи Генералниот Директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Цветко Грозданов. Отворената средба е од 10:00 до 16:00 часот во просториите на Подружницата на Булевар „Туристичка“ бр 32.