Традиционалниот осмомартовски марш СДСМ годинава ќе го одржи во Охрид

Традиционалниот осмомартовски марш, СДСМ годинава ќе го одржи во Охрид, в недела, на 6 март, под мотото „Ти си таа промена – заедно за Македонија“.

Маршот ќе почне напладне и, според најавите, во него ќе учествуваат членовите на форумот на жени од сите градови во Република Македонија.

На маршот се очекува да се приклучат и функционери и членови на највисоките партиски тела на СДСМ.

Извор:meta.mk