Општина Охрид покрена иницијатива за помош на Митра Секулоска

Претставници на општинските служби, денеска, по задолжение на градоначалникот Никола Бакрачески, беа во посета на Митра Секулоска, од Горно Лакочереј која живее во тешки услови.

Од утре, во заеднички координирана акција со останатите надлежни иституции ќе започнат да се преземаат мерки за подобрување на условите, а потоа и трајно решавање на проблемот на оваа стара жена која живее сама и во несоодветни услови.