Јолевски: Обезбедена поддршка од Канада за членство на Македонија во НАТО

Република Македонија ја има поддршката на Канада за членство во НАТО, соопшти македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, по неговиот денешен состанок со канадскиот министер за одбрана, Џејсон Кени, на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел со земјите-контрибутори во мисијата “Одлучна поддршка” во Авганистан. Јолевски и Кени ја зацврстиле одличната соработка на ниво на одбрана меѓу Македонија и Канада, а првиот човек на канадската одбрана ја ветил и безусловната поддршка од оваа земја-членка на НАТО за членство на нашата земја во најголемата воено-политичка организација на светот.…

повеќе...

„Македонија 2025“ во Канада ги претстави можностите за инвестирање во Македонија

Организацијата „Македонија 2025“ ја промовираше Македонија како извозно ориентирано средиште за поголем број индустрии и нејзините инвестициски можности во Торонто, Канада. Повеќе од 25 говорници дискутираа за можностите за инвестирање во автомобислкиот, енергетскиот, рударскиот, информацискиот, агроиндустрискиот и во здравствениот сектор. На конференцијата учествуваа повеќе од 100-тина претставници на македонската бизнис дијаспора во Северна Америка, членови на Одборот на „Македонија 2025“, потенцијални канадски инвеститори, бизнис делегација од Македонија, како и владини претставници меѓу кои министрите Миле Јанакиески и Џери Наумоф, како и Виктор Мизо директорот на Дирекцијата за техонолошки индустриски развојни…

повеќе...

Пратеникот Николоски се сретна со пратеникот на Долниот дом на Парламентот на Канада

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, Александар Николоски, оствари средба со Рас Хиберт, пратеник на Долниот дом на Парламентот на Канада. На средбата присуствуваа и членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада:  Светлана Карапетрова и  Лилјана Кузмановска. Николоски во воведното излагање искажа задоволство за континуираната соработка со Парламентот на Канада и благодарност до Канада што во 2007 година ја призна Република Македонија под уставното име. Пратеникот Рас Хиберт беше запознаен со можностите за…

повеќе...