Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен олимписки пливачки маратон

Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 км. Охрид 2017 кој во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ Охрид ќе се одржи утре во водите на Охридското езеро на потегот од Старото пристаниште до х. Милениум. На вечерашниот технички состанок претставници на организторот и претставниците на ФИНА ги запознаа пливачите, судиите и техничките лица со пропозициите за утрешната трка и ја истакнаа подготвеноста за старт на Олимпискиот Пливачки Маратон. 12 пливачи од 6 земји, 10 во машка и 2 во…

повеќе...

За прв пат во Охрид ќе се одржи Олимписки пливачки маратон

Клубот за спортови на вода „ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008“ Охрид, го најавува одржувањето на, за прв пат во Македонија, Олимпискиот пливачки маратон на 10 км. „Охрид 2017“ кој ќе се реализира во сабота (12.08.2017) на Охридското езеро на водената површина помеѓу Старото пристаниште – х.Палас и х. Милениум. Стартот на трката предвидено е да биде во 12:00 часот, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу 14:00 часот кога ќе се доделат медали на победниците. За регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 км., како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии/делегати…

повеќе...

Во среда ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, по 38-ми пат, на 02.08.2017 год. (среда), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2017. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 60 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 10:45 часот од плажата на хотелот Парк. Пристигнувањето…

повеќе...

Викендов официјално ќе биде отворен градскиот базен „Атина Бојаџи“

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд (4-5 јули) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето. Градскиот базен ќе работи секој ден од 08:30 до 20 часот, така што во работен ден (понеделник – петок) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08:30 до 12 часот и попладне од 17:30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12-18 часот. За време на викендите (сабота и недела) градскиот…

повеќе...

Два нови државни рекорди на Анастасија Богдановски

Два нови апсолутни рекорди на Македонија постигна Анастасија Богдановски на пливачкиот митинг во Сент Морис, САД. Во двата случаи ги подобруваше сопствените најдобри времиња на патеките од 100 и 200 метри слободно. На вториот ден од Првенството на Мериленд во долги базени, по вчерашната победа на „стотка“ со државен рекорд и со остварена норма за Светското првенство во Казан 2015 година, Ана победи и на 200 метри слободно со време од 2:01,92 минути, со што за повеќе од една секунда го подобри рекордот што беше во нејзина сопственост – 2:03,11…

повеќе...