Поднесена кривична пријава против лице од Охрид поради користење и продажба на Хероин

Поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „Овозможување употреба на наркотични дроги“ секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето С.Д. (23) од Охрид поднесе кривична пријава. Истражен судија при основниот суд во Охрид него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Пријавениот С.Д. на 13-ти овој месец, во својот дом им овозможил злоупотреба и користење на опојна дрога Хероин на лицата П.С. (26) од Охрид и  и Б.К. (31) од Србија со привремен престој во Охрид.  Притворениот С.Д.  неодамна набавил 20 опаковки со опојна дрога Хероин наменета за лична употреба но и за натамошна продажба заради што извршил препакување во помали количини и ја сокрил во дворот од семејната куќа. Истиот ден, тој на П.С. му продал една опаковка а купопродажбата се случила во неговиот дом околу 17 часот каде тројцата претходно договориле средба и користеле Хероин на фолија.

Притоа, тие на лице место се затекнати во една од собите при претрес во домот на пријавениот С.Д.  Дополнително, помеѓу дрвата во куќниот двор, од страна на полициските службеници пронајдени се чорапи  во кои, сокриена беше најлонска кеса со вкупно 18 помали најлонски опаковки од Хероин со кафеава боја. Хероинот, нагорените алуминиумски фолии како и другите пронајдени предмети, се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Пријавениот С.Д. како и двајцата негови другари П.С. и Б.К. се познати и регистрирани наркозависници од Охрид, против кои, СВР Охрид има поднесувано повеќе пријави за слични и други сторени казнени дела.