Потврдено зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото „Лагано јутро”

Добиените резултати од лабораториските испитувања спроведени од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото „Лагано јутро” на хрватскиот производител „Дукат”, со просечна  вредност од 0,152 микрограми на килограм. Станува збор за анализираните мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет.

Овие количини, со наредба на Агенцијата ќе бидат нештетно уништени.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со вршење на засилени инспекциски контроли на домашниот пазар, како и со задолжително испитување на афлатоксини при увоз на млеко и производи од млеко.