19 туристи од Велика Британија, Франција, Кина и Јапонија загинаа денес, кога се запалил балон на топол воздух и експлодирал за време на неговиот лет над Луксор, соопштуваат египетските надлежни служби.
Присутни во балонот биле 21 лице, пренесува египетската државна телевизија.
Балонот летал на 300 метри кога се запалил и експлодирал над едно поле западно од Луксор.
Еден сведок изјавил дека луѓето почнале да скокаат од балонот „од висина на седум-катна зграда“.
Од двајцата преживеани, неофицијално едниот бил управувач на балонот.