19 странски туристи загинаа при пад на запален воздушен балон во Луксор, Египет

19 туристи од Велика Британија, Франција, Кина и Јапонија загинаа денес, кога се запалил балон на топол воздух и експлодирал за време на неговиот лет над Луксор, соопштуваат египетските надлежни служби.

Присутни во балонот биле 21 лице, пренесува египетската државна телевизија.

Балонот летал на 300 метри кога се запалил и експлодирал над едно поле западно од Луксор.

Еден сведок изјавил дека луѓето почнале да скокаат од балонот „од висина на седум-катна зграда“.

Од двајцата преживеани, неофицијално едниот бил управувач на балонот.