Реакција од кабинетот на градоначалникот во врска со соопштението од советничката група на ДПМНЕ

Во врска со денешното соопштение од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која реагираше на несоодветно и коруптивно однесување на Градоначалникот Петрески и Локалната самоуправа искажано преку ставањето на 80 точки на седница на Советот, со реакција излегоа од кабинетот на градоначалникот.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска со јавно соопштение побара, на закажаната седница на Советот на општина Охрид, да не се расправа за точките кои се поврзани со такавиканиот процес на легализација на бесправно изградените објекти. Ваквиот став ги збуни граѓаните, кои се вчудоневидени, како за кусо време советничката група на ВМРО-ДПМНЕ  ги менува ставовите.

Да постетиме дека на претходната седница, на која се расправаше за точки поврзани со легализацијата, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Паноски рече: „За да можеме да овозможиме единствен и еднаков пристап на сите подносители на барања, ќе гласаме „ЗА“ за секоја предлог-одлука поврзана со легализацијата“. По ваквиот јавно изречен став, советниците ги изгласаа сите предлози, па затоа прашуваме која е вистинската позадина за ваквото целосно и нагло менување на партиските ставови.

Граѓаните не веруваат во образложението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека симнувањето на точките поврзани со такавиканата легализација, било во спротивност со одредбите од Изборниот законик и дека зад сето тоа имало корупција.

Очигледно е дека поради ваквите ситнопартиски игри им нанесувате штета на илјадници граѓани, а го обвинувате градоначалникот и Советот на општина Охрид. Верувајте дека граѓаните ги прочитаа вашите манипулации и поради тоа за брзо ќе ве казнат“. – реагираат од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.