На 27.02.2013 година, околу 21,00 часот, Зоран З.(28) од с.Пантелеј и Б.И.(34) од с.Полаки – кочанско, со такси возило управувано од Ќ.Ѓ(43) од Кочани, отишле во с.Којково – кратовско, при што на таксистот наводно му кажале дека требало да се видат со нивен пријател. Потоа, Зоран З. и Б.И. маскирани со фантомки на главите и со ракавици на рацете, влегле во куќата на Љ.М.(73) кој живеел со сопругата Ц.М.(73), која инаку е болна и неподвижна. Истите барајќи му пари физички го нападнале Љ.М. удирајки го со тупаници по главата и телото, по што со јаже му ги врзале рацете и нозете.
Бидејќи оштетениот не им кажал каде се парите тие почнале да пребаруваат по куќата, при што тој успеал да се одврзе, зел ловна пушка и во моментот кога строрителите излегувале од куќата со одземените пари (чиј износ се утврдува), моторна пила и други предмети, пукал во нив, при што Зоран З. застрелан паднал на лице место и починал, а Б.И. исто така застрелан избегал и дошол до такси возилото кое ги чекало на одалеченост од околу пет километри од местото на настанот. Откако Ќ.Ѓ. видел дека Б.И. крвари го однел во Пробиштип и пријавил во Полициската станица. Од физичкиот напад Љ.М. се здобил со тешки телесни повреди, додека Б.И. поради карактерот на повредите е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде е задржан на лекување.
Од страна на СВР Куманово во тек се мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.