Во врска со денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ за вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, реагираат од Локалната самоуправа.
„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа каков однос имаат кон граѓаните на Охрид. Со нивното соопштение ја зацврстија својата позиција спротивно на страната на граѓаните.
Во одлуките на Советот на Општина Охрид за легализација на објектите кои се донесени согласно законот што тие го донесоа, се обидуваат да пронајдат незаконитост. Советот ги донесе овие одлуки со цел граѓаните што побрзо да ги решат овие проблеми со легализацијата на своите објекти.
На прагот на новите избори, ВМРО–ДПМНЕ уште еднаш, како многу пати до сега, покажа дека намерно сака да го кочи развојот на Охрид и граѓаните. Со овој последен пример, исто како и триесет и шесте заглавени урбанистички планови во некоја од фиоките во Министерството за транспорт и врски, го потврдуваат лошиот однос кон Охрид и штетата која сакаат намерно да му ја нанесат.
Со овој потег, со овие намери да ги кочат граѓаните, ја зациментираа својата позиција пред граѓаните за претстојните локални избори. И на овие избори, во Охрид, ВМРО–ДПМНЕ нема што да бара од граѓаните. Довербата нека ја бара на друго место“. – стои во реакцијата испратена до медиумите.