Во врска со вчерашната 60-та седница на Општина Охрид, со соопштение излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во кое стои:
„Синоќа на незаконски и криминален начин како што всушност и владеа 8 години во Охрид, Петрески, СДСМ, Народна, НСДП и останатите од мнозинството во Советот на Општина Охрид изгласаа 100-тина акти кои се однесуваат на постапки за усогласување со урбанистистички планови.
И покрај дописот на Државната Комисија за спречување на корупцијата од 28.02.2013 во кој за точките на седницата на 1.Март јасно стои дека „истите да не се разгледуваат и усвојуваат затоа што се спротивни на режимот што произлегува од одредбите од Законот за спречување на корупција. Тие одредби важат се разбира за сите општини во Република Македонија. Непостапувањето по ова барање ќе значи можност за отворање постапки поради прекршување на Законот како и ставање вон сила на одлуките кои би се донеле, а кои би биле против законити“, Петрески и мнозинството се дрзнаа да промовираат беззаконие и да им наштетат и на Охрид и на заинтересираните и сега измамени граѓани.
Со гласањето против законот, 13-те советници од мнозинството во овој Совет всушност го завршија мандатот како што и го почнаа, со узурпација на демократијата, со пазарења и со беззаконие. Нивните имиња ќе останат засекогаш симболи на корупцијата и така ќе бидат обележани во политичката свест на Охрид. Со гласање против законот Петрески на крајот го потврди своето криминално владеење промовирајќи ја корупцијата и беззаконието во Охрид.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до крај останаа принципиелни на почитувањето на своите ставови и пред се почитувањето на законските одредби .
На 24 Март на локалните избори граѓаните извесно е дека ќе му приредат жестока казна на Петрески и на СДСМ во Охрид. Охрид ќе почнат да го управуваат луѓе со принципи, без криминал и без корупција“. – стои во соопштението.