Бакрачески: Тргнуваме во поход за Охрид

„Ми причинува особена чест и задоволство, денес токму од оваа говорница да го означам започнувањето на големата кампања за овие локални избори, со која што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија ќе ја однесе победата“. Со овие зборови кандидатот за градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески ја започна денешната прес конференција, која се одржа во комплексот Летница.

„Ми претставува чест и задоволство што денес покрај мене се наоѓа групата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, за која што верувам и сум цврсто убеден дека се најдобриот тим, од било кога најзначаен во историјата на Охрид“. – истакна Бакрачески.

Тој ја изрази својата желба и надеж за мирни, достоинствени, фер и демократски локални избори, избори со кои ние како Охриѓани како што рече, ќе покажеме дека припаѓаме на делот на цивилизираната заедница.  

„Тргнуваме во поход за Охрид, во поход за надеж и за отворање на нов прозорец на неограничени можности, тргнуваме во поход со кој сакаме да ја преземеме одговорноста за долго време неотпочнатите и незавршени работи, поход во кој сакаме да ја усовршиме нашата Заедница и да ја градиме иднината на Охрид. Охриѓани заслужуваат многу поинаков Охрид, Охрид заслужува многу подобра иднина, а иднината и светот го заслужуваат Охрид во сиот негов сјај“. – рече кандидатот за градоначалник.

На крај д-р Бакрачески ги повика граѓаните масовно да излезат на избори, да ја прифатат и поддржат нивната кампања и нивните проектни цели и задачи, а секако ги повика Охриѓани и на големиот митинг што ќе се одржи вечерва на градскиот плоштад, со почеток во 19 и 30 часот.

DPMNE02

WebOhrid