Бакрачески: Она што го мислиме да го направиме, ветуваме дека ќе го направиме!

На денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник Д-р Никола Бакрачески зборуваше за позитивните вредности кои има намера да ги споделува со граѓаните на Охрид.

„Долго време Охрид е во исчекување на неопходни објекти, кои што ќе му дадат една препознатлива димензија и кои што ќе го направат град во вистинска туристичка спортска и рекреативна смисла. Во нашата програма, во развојот на спортот, веднаш по моето доаѓање на позицијата градоначалник на Охрид ќе пристапиме, како прв најзначен проект, ќе биде изградба на долгоочекуваниот и долговетуваниот затворен олимписки базен. Тој ќе биде изграден според сите меѓународн стандарди, со димензии 33х25 метри. Ќе го развиваме спортскиот дух во градот и здравите навики. Меѓутоа во исто време ќе овозможиме и рекреација на граѓаните на Охрид во текот на целата година.Тој исти базен со помошни и придружни објекти кои ќе ги има да биде корисно место за дружење на младите и останатите граѓани кои ќе го посетуваат тој базен“. – истакна Бакрачески.

Како што рече д-р Бакрачески, базенот ќе биде изграден на локацијата на спортско-рекреативниот центар „Атина Бојаџи“, со финансиски средства од буџетот на Република Македонија.

„Вториот проект од областа на спортот ќе биде изградбата на повеќенаменско спортско игралиште во с.Лескоец. Ова игралиште ќе биде изградено со средства од буџетот на Општина Охрид и за таа намена ќе бидат издвоени 5 милиони денари. Конечно ќе пристапиме на населените места Воска и Далјан и во делот на спортот ќе пристапиме и кон изградба на спортски игралишта за одбојка и фудбал на песок“. – истакна д-р Никола Бакрачески.

Bakraceski2WebOhrid