Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, реагира на денешната прес-конференција на Сојузот на Иднината, во врска со претставувањето на нивната советничка листа.
„Им посакуваме добредојде на кадидатите на советничката листа на СДСМ во политичката борба која најдобро ќе биде да биде исполнета токму со презентација на програми, проекти, визии и дела за Охрид.
Ние нудиме листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата составена од изградени личности во своите професии, личности со титули, личности кои помагале и се бореле за Охрид и личности кои се широко препознатливи во заедницата.
Штета е само што како понуда за иднината на листата на СДСМ ги гледаме истите личности препознатливи само по гласање на Детални Урбанистички планови, личности кои 4 години во Советот не прозбореа ниту еден единствен збор, личности препознатливи само по свои инкриминирани досиеа, личности препознатливи по носење на штетни и голем дел незаконски одлуки за Охрид. Навистина е некоректно и лицемерно истите тие денес да зборуваат за љубов кон Охрид.
Без разлика на тоа ние ќе продолжиме со фер кампањата за презентацијата на нашите визии и проекти за Охрид сигурни во тоа дека граѓаните ја препознаваат разликата и дека со поддршка на нив ВМРО-ДПМНЕ ќе го има следниот градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески и убедливо советничко мнозинство кое конечно ќе носи правилни одлуки во интерес само за Охрид!“– стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, испратена до медиумите.
WebOhrid