Градоначалникот Александар Петрески денес со своја посета го изненади противничкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, причина за тоа беше денешниот празник 8-ми март со што им подари цвеќе на припадничките од понежниот пол. Претходно градоначалникот, на градскиот плоштад на сите припаднички од понежниот пол им подари цвеќе.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески и носителот на листата за советници д-р Јованка Точко ги пречекаа гостите. Покрај актуелниот градоначалник, беше и носителот на советничката листа на Сојузот на Иднината, Јован Стојаноски.
„Ја поздравувам нивната посета во нашиот штаб, конечно ние, а и целта на отварање на овој штаб, централна канцеларија е да што поголем број на граѓани да дојдат тука, да не посетат, да ја видат нашата програма и да ги видат нашите програмски определби. Се надевам дека посетата е доста искрена и во духот на таа искреност понатака ќе продолжи и кампањата. Моја цела е и промоција, конечно на една нова свест и ново ниво на политичка култура во било кој изборен процес, било да се локални, претседателски, парламентарни избори. Се надевам дека ќе ги убедиме граѓаните дека политичката свест во Македонија, почнувајќи од Охрид, мора да добие една поконкретна димензија и мора да прифатиме меѓународни стандарди во нивото на изразување и нивото на коректност према политичките противници. Се надевам дека една ваква посета, нашите политички опоненти ќе ни обезбедат, односно ќе дојдат на 24 март да ни ја честитаат победата исто така во оваа канцеларија“. – изјави д-р Никола Бакрачески, во врска со посетата на противничкиот кандидат за градоначалник.