Општина: ВМРО-ДПМНЕ одамна ја напуштиле демохристијанската идеологија

Во врска со денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, со реакција излегоа од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, во која се вели:

„ВМРО–ДПМНЕ уште еднаш го покажа „високото ниво“ на комуникација. Нивната демохристијанска идеологија одамна ја напуштиле.

Имено, ВМРО–ДПМНЕ на денот за задушница, во јавноста излезе со плукање, лаги и невистини, но и навреди. Не кажуваа што тие направиле до сега во овие седум години откако ја имаат централната власт, туку плукаат по други кои направија многу за Охрид. За жал, тоа е одлика на ВМРО–ДПМНЕ и граѓаните ќе можат да ги паметат само по овој валкан начин на комуникација. Ниту по проекти, ниту по дела.

Во знак на почит кон денот, ја информираме јавноста дека денес нема да им одговориме, а имаме многу што да кажеме“. – стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.

WebOhrid