Ангелов: Нашиот Аце е вистинскиот човек кој што Охрид ќе го однесе во подобар живот

„Градоначалникот Аце поминува еден многу трновит пат последните години, затоа што ВМРО-ДПМНЕ врз него ги примени сите недемократски и режимски методи од кои што дел ги испробаа и врз мене и од лично искуство можам да кажам дека нивните методи се навистина нечесни и сурови“. – истакна претседателот на „Достоинство“, генерал Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција, која се одржа во просториите на ОО на СДСМ Охрид.

Како што вели Ангелов, Петрески се обиделе да го поткупат, кога не успеале во тоа се обиделе  да го исплашат, му напишале ни повеќе ни помалку туку 19 кривични пријави. Кога виделе дека ни тоа не помага, дека не можат да го исплашат се обиделе да го исмејат, омаловажуваат и да го девалвираат.

„Тоа не успеа бидејќи нашиот Аце е вистинскиот човек кој што Охрид ќе однесе  во подобар живот. Ако овој градоначалник овие 8 години се бореше на чело на овој град, спротивно на централната власт со сите оние опстукции кои што му беа правени на централно ниво, можеме само да препоставиме што ќе биде после локалните избори на кои што ние, Сојузот на иднината, убедливо ќе ја поразиме коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш со поддршка на централната власт градоначалникот Аце ќе може да направи многу повеќе работи за Охрид“. – додаде Ангелов.

На крај им порача на сите чесни ВМРО-вци кои што сеуште се членови на ВМРО-ДПМНЕ, гласајќи за кандитатот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, како што кажа, тие всушност гласаат за Талат Џафери да биде министер за одбрана во Скопје, еден вистински ВМРО-вец треба да го подржи кандидатот на Сојузот на иднината, бидејќи на тој начин Талат Џафери нема да биде министер за одбрана на Македонија, заврши Ангелов.

SojuzZaIdninata02WebOhrid