Донев: Иднината е во младите

„Сите знаеме дека иднината е во младите, кога сите се залагаме за подобри услови и подобар живот, убеден сум дека како преставник на младите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид како основен постулат ќе ја избериме Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори“, – рече на денешната прес конференција  Сашо Донев.

Донев како кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, како преставник на младите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и како претседател на Унијата на млади сили, со својот кредибилитет и целосна посветеност како што казжа  ќе се залага за целосна реализација на проекти кои ќе го направат Охрид  прекрасно место за живеење и делување на младите.

Донев истакна дека преку реализација на проекти од доменот на спортот и индустријата  Охрид ќе прерасне во место кое ќе нуди достоен живот на секој млад човек.Преку изградба на затворен пливачки базен ќе се задоволат потребите на пливачките клубови и на училишната младина, но исто така ќе биде и дел од спортската рекреација на нашите сограѓани.

„Со изградба на тениските терени на Охрид ќе го вратиме пристапот до овој спорт со кој ќе имаат моќност да е рекреираат туристите а пред се ќе преставуваат и место за спортување на талентирани спортисти за тенис.Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за градот Охрид е предвидена реализација на проект Спортско лето – Спорт за сите преку кој на едно место во период од неколку денови ќе се направи популаризација на повеќе спортови.ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати сјајот и на маалскиот фудбал и баскет, нешто што во последниве години не се согледува во пракса“. – додаде Донев.

Она што е значајно како што рече Донев и преку кое се согледува силната поддршка на младите во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е поддршката која ќе им биде дадена  на младите таленти и за нивно надградување и развој. Преку стипендии на млади таленти ќе се добие мотив за постигнување на што подобри резултати на домашен и меѓународен план.

„Една од најцрните точки од владеењето на Александар Петрески и СДСМ со Охрид е нивната незаинтересираност за креирање на што подобри услови за младите во нашиот град. Ваквата незаинтересираност која ја согледавме во изминативе осум години поради која најголем број на луѓе процентуално се иселени од Охрид мора да престане и да започне нов период со НОВИ ДЕЛА за подобар Охрид и подобар живот на младите. ВМРО-ДПМНЕ покрај реализацијата на проектите во спортот се залага и за развој на Индустријата и преку создавање на Индустриска зона ќе успееме  да отвориме нови работни места кои се неопходни за враќање на младите во Охрид“. – нагласи Донев.

Донев  на крајот упати порака до младите во Охрид. 

„Досегашната локална власт на СДСМ ни го уништи Охрид, ни ја уништи иднината на градот, ни ги уништи вистинските вредности и ни ја продаваше манипулацијата и корупцијата како вредност. Младите на Охрид никогаш нема да се согласат со уништуваната надеж и затоа ќе побараат проекти, дела и свое учество во донесувањето на одлуките. Сето тоа го има во Програмата и политиките  на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид и тоа ќе биде новото убаво и младо лице на Охрид кое заеднички ќе го градиме со новиот Градоначалник д-р Бакрачески и мнозинството во Советот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.“ – рече Сашо Донев.

WebOhrid