Сојуз за иднината: Го повикуваме кандидатот за советник Донев, и тој нека се послужи со „навигаторот“

Во врска со прес–конференцијата на кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Донев, реагираше Сојузот за иднината:

„Кандидатот за советник од коалицијата на ДПМНЕ Донев или е неупатен или воопшто не ја познава состојбата со младите во целата држава. Знае ли Сашо Донев дека процентот на иселување на младите е многу поголем во сите градови во источниот дел од Република Македонија отколку во Охрид!? Кој е за тоа крив!? Александар Петрески!? За иселувањето на младите од Република Македонија дирекно е виновен Никола Груевски и никој друг.

Дали кандидатот за советник е свесен дека со реформите во високото образование кои ги направи неговата партија уништија генерации млади луѓе кои се неспособни да се соочат со пазарот на трудот и единствен услов за вработување им е партиската книшка од ДПМНЕ?!

Градоначалникот Александар Петрески во двата мандати до сега, целосно ги поддржува скоро сите спортски клубови во Охрид, кои без таа поддршка одамна би згаснале, потоа сите здруженија на граѓани, невладини огранизации, фолклорни групи во кои учествуваат безброј млади. Така ќе биде и во третиот мандат.

Го повикуваме кандидатот за советник Донев, и тој нека се послужи со “навигаторот“ кој Сојузот на иднината денес го подари на неговата партија и нека го однесе пред Владата на Република Македонија и пред Агенцијата за млади и спорт. Само таму може да ги добие одговорите“. – стои во реакцијата од Сојузот за иднината.

WebOhrid