На пpес-конференцијата која ја одржа Сојузот за иднината, на изјавата од градоначалникот Петрески со реакција излезе и ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
„Невреме и непогоди се случуваат и треба да се преземат мерки за санација и состојбата да се следи. Но, од тоа да се прави политички поени е дегутантно.
Затоа, сакаме само да го запрашаме кандидатот за Градоначалник на Охрид Александар Петрески кој се загрижил за дивоградениот Мост на желбите наместо за улиците низ Охрид, дали деновиве повторно планира да замине на одмор и да се посонча на плажите во Австралија додека трае невремето во нашиот регион, исто како што направи точно пред 3 години на 10 Март 2010 година. Мислиме дека е време да си ја заврши посетата и да ја потврди неговата најголема инвестиција во Охрид, бумерангот“. – стои во реакцијата.
WebOhrid