ВМРО-ДПМНЕ: Каков е тој економски развој во овие 8 години без ниту едно капитално дело за подобрување на состојбите

Во врска со денешната прес-конференција каде Сојузот за иднината го претстави делот од нивната изборна кампања за локален економски развој, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Креаторите на Зоки Поки програмата денес излегоа на прес конференција да зборуваат за Локалниот екомомски развој. Тоа се истите тие кои 8 години го водеа Локалниот економски дел за Охрид и кои ништо не успееа да направат, а денес без трунка срам зборуваат за економски развој. Од нив видовме  8 годишно уништување на Охрид  за кое се сите свесни.

Остануваат само прашањата. 

Господине Петрески, каков е тој економски развој во овие 8 години без ниту едно капитално дело за подобрување на состојбите, без ниту една инвестиција освен бумерангот и со организација на градот од најниско ниво.

Господине Стојаноски, штом веќе зборувате за локалниот економски развој каде бевте 8 години да реагирате. Дали со молчењето и вие можеби сте креатор на славните туристички настани и понуди како ѓомлезијада и сточарски фарми? Дали  8 години молчење во удобните фотељи си го сметате за предност? Дали во организирањето на испитите некогаш на студентите сте им поставиле прашање како се организира локален економски тим и  туризам? Дали вие ја пишувавте Зоки Поки програмата?

Хипокризија е уништувачите на Охрид да зборуваат за иднината на Охрид. Тие не се наша иднина. Новиот тим на Бакрачески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе внесе вистински вредности и развој на Охрид“. – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

WebOhrid