ВМРО-ДПМНЕ: За секоја инвестиција треба време, ќе изградиме уште многу дела за Охрид

На реакцијата на Сојузот за иднината, дека Охрид 4 години е оставен без болница, возврати со реакција и ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ  инвестираше. За секоја инвестиција треба време. Болницата т.е. реконструкцијата на истата започна и ја заврши и Охрид сега има најмодерни одделенија и болница во регионот. И ќе изградиме уште многу дела за Охрид.

Вие ништо нити започнавте, нити завршивте. Вие немате идеја, освен нормално идеите за корупција, создавање долгови, станови и богати лични сметки. Тука е разликата и сите ја знаат“. – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

WebOhrid