„Сакам да ви ја покажам програмата во нов формат, бидејќи таа програма која пред извесен период ја покажавме им била со ситни букви, и не можеле да читаат. Сега им ја направивме во поголем формат на политичките противници. Дури им ставивме и слики. Ако не сакаат да читаат, или ако не можат да читаат, им ги ставивме сликите, и да видат што се дела“. – се осврна на денешната прес-конференција актуелниот и кандидат за градоначалник Александар Петрески.
Како што истакна Петрески, граѓаните ова секојдневно го гледаат, ги користат сите овие работи што се направени, а тие не сакаат ниту да ги видат, ниту да ги прочитаат.
„Веројатно со овие слики ќе се потсетат и полесно да ги најдат некои сокачиња во Велгошти, или во Лескоец, или на други места, кои сеуште не се доправени, или не се направени. Ама, додека стигнат до тие сокачиња, ќе поминат неколку километри асфалитирани, средени патишта, и токму јас, поради тие сокачиња, уличиња кои не се доправени, се кандидирав и по трет пат, а не се доправени, затоа што имавме опструкции. Не ни даваа кредит, не спречуваа во нашите активности. Меѓутоа, тоа е најмалата работа што во првите месеци од третиот мандат што ќе ја направам“. – рече Петрески.
Актуелниот градоначалник Петрески му порача на досегашниот советник Дејан Пановски, дека граѓаните не се променливи како него, што досега има три партии сменето и дека граѓаните знаат да ги вреднуваат ветувањата од минатото.
„Истиот тој Дејан со Демократска Алтернатива, пред да се префли од Либерално Демократската Партија, со Тупурковски веруваше дека во Македонија ќе донесе милијарди евра, за после да го напушти и него, и да премине во ВМРО–ДПМНЕ. Кај се од Тупурковски милијардите евра, што ги ветуваше пред граѓаните? Човек кога не стои на ветувањата, и кој на неколку години менува партии, не може да зборува за друг човек“. – додаде Петрески.