Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот за иднината, односно на актуелниот и кандидат за градоначалник Александар Петрески, реагираат од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
„Во недостиг на резултати и во недостиг на Програма, Петрески се занимава со личностите кои се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на нивното политичко делување. Наша гордост е што квалитетните луѓе дошле и активно ги спроведуваат политиките и доктрината на ВМРО-ДПМНЕ .
Преку овие наводни напади кај Петрески се јавува фројдовскиот синдром и всушност се опишува себеси како човек кој нема доктрина ни идеологија и има сомнежи кон себе. Единствено интерес на Петрески е бизнисот за себеси, манипулациите и лагите како идеологија .
Вчера споменавме и повторуваме, говорот на интелектуалците е совест на еден град и тие јасно кажуваат дека на Охрид му е потребна промена и му е потребен д-р Никола Бакрачески. Заедно со нив Александар Петрески ги навредува и културните работници, пензионери, спортски работници, автопревозници, туристички водичи и.т.н.
Александар Петрески го навредува целиот град Охрид и затоа на 24 март граѓаните на Охрид еднаш засекогаш ќе завршат со него“. – стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
WebOhrid