Сојуз за иднината: Николоски на прв ден од Велигденскиот пост, бесрамно навредуваше и клеветеше

Сојузот за иднината реагира на прес-конференцијата на пратеникот и член на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, за што најавуваат тужба за клевета против него, за како што велат, изнесените лаги и невистини.

„Пратеникот кој се истакнува како голем демохристијанин на прв ден од Велигденскиот пост, бесрамно навредуваше и клеветеше. На денешната прес коференција од страна на пратеникот Александар Николоски, беа изнесени голем број невистини, за што на истиот ќе му биде поднесена тужба за клевета.

Работите што ги кажа се неточни, а во најмала рака контрадикторни. Покажуваше авионска карта од Франкфурт, а зборуваше за посета на фудбалски натпревар на Баерн Минхен. Граѓаните треба да ја знаат вистината, дека споменатиот директор беше во Франкфурт на службена посета, со цел набавка на опрема за јавното претпријатие, а трошоците за престој и храна ги подмирил самиот, односно заради вашата малограѓанска радозналост јавно кажуваме дека истиот престојувал кај охриѓанецот кој е на времен престој во Германија, Оливер Блажески. Сето ова со една цел, односно да не се преоптовари буџетот на јавното претпријатие. За разлика од вас, ние не одиме на патувања во странсво на државна сметка, како вас, каде полу голи  ги презентирате граѓаните. Покрај друго, износите на сметките кои ги покажувавте не се точни.

Кога веќе Николоски зборува за долгови на јавните претпријатија, треба да знае дека вработените во  Јавното претпријатие Охридски Комуналец, редовно земаат  плата, на секој први во месецот, а за неговата успешност зборува и подмирувањето на старите плати на вработените кои им ги должел директорот назначен од  ДПМНЕ.

Од друга страна, не само што јавните претпријатија работат одлично туку успеваат и да ги покријат долговите направени кога биле под надлежност на оваа Влада. Таков е примерот со јавното претпријатие ‘’Билјанини Извори’’, кое имаше огромни долгови и каде вработените немаа земено плата со доцнење од десет месеци.

Веројатно пратеникот направил забуна, и кога зборуваше за јавните претпријатија во Охрид, мислел на јавните претпријатија кои се водени од кадар на ДПМНЕ, односно во градовите во кои тие се на власт.

За нас почитувани, зборуваат граѓаните, кои се задоволни од третманот и навреме добиените плати. Секаде каде не се успева да се земе редовна плата, а тоа е случај со јавното претпријатие ПРОАКВА, најголемиот проблем е десетиците милиони евра наследен дол од времето кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше ова претпријатие.

Прашуваме, зошто ДПМНЕ во чија власт се сите институции, не преземат конкретни мерки или пак самите се свесни дека не постои дело? Истражните органи нема потреба да чекаат да поминат изборите  за да проверат, затоа што и до сега постојано беа во потрага, но не пронајдоа ништо.

Покрај другото, затоа што Петрески ќе го добие овој мандат а Сојузот за иднината централната влас, сите овие неосновани прозивки ќе останат пуста желба на пратеникот Николоски, кој тогаш ќе мора да одгвори што се случи со пропаднатиот тендер  од охридската болница и злоупотребата од 3 милиони евра?

За крај крајно лицемерно е да се грижите за граѓаните кои не зеле плата, како и патетично да зборувате за студентите, играјќи со чувствата на луѓето, кога вашиот директор од гигантот Емо кој Вие го пропаднавте се наоѓа во Катар уживајќи, додека вработените во ЕМО ПОМИНУВААТ НИЗ НАЈГОЛЕМАТА ГОЛГОТА“. – реагираат од коалицијата Сојуз за иднината.

WebOhrid