Индонезиска авиокомпанија купува 234 Ербас авиони

Индонезиската авиокомпанија „Лајон Ер“ потпиша рекорден договор со Ербас „Airbus“ за испорака на дури 234 авиони од типот „A320“ и „A321“. Вредноста на зделката изнесува 18,4 милијарди евра.

Со овој договор, компанијата Ербас успеала да обезбеди 5 илјади работни места во следните 10 години. Европскиот конструктор на авиони со седиште во Тулуз има порачки во вкупна вредност од 44,5 милијарди долари.

Пред „Лајон Ер“, од страна на „Туркиш Ерлајнс“ биле нарачани 82 авиони од типот „A320“ и „A321“, додека пак германската „Луфтанза“ нарачала 102 авиони.