„ДПМНЕ за оваа локална кампања, за овие локални избори го избраа најнесреќниот и најироничниот слоган. Им порачуваат на граѓаните да изберат дела, сакав јавно да ги запрашам кои дела ги направија за Охрид, па и за граѓаните, да можат да ги изберат?“ – рече на денешната прес конференција кандидатот за советник, Јоне Станковски.
Станковски се осврна на она што го ветиле од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период за изградба во спортската инфраструктура.
„Ветија фудбалски игралишта во Косел, Лакочереј и Лескоец, но се уште чекаме на нив. Ветија изградба на спортски сали во училиштата во Кочо Рацин, ЕМУЦ, Св.Наум Охридски и угостителското училиште. Единствено што правеа е фрлаа само камен темелник. До ден денес немаме видено ниту една цигла за изградба на овие училишта, во овие спортски сали. Земјиштето на кој го претставуваат овој затворен базен, токму тие Владата на ДПМНЕ го приватизираше за 1 евро по метар квадратен и токму тоа земјиште е сега во приватна сопственост. До кога ќе ги лажат граѓаните на Охрид со затворениот базен? Уште ли затворенот базен ќе им биде лажно предизворно ветување? Ќе потсетиме дека директорот од Агенцијата за млади и спорт на 14 јануари минатата година во Охрид изјави дека во септември ќе започне изградбата на затворемиот базен и прашуваме до кога на овој начин ќе ја манипулираат јавноста? Само не кажа кој септември и која година“. – потсети, а воедно и запраша Станковски.
Како што истакна Станковски, граѓаните ќе гласат за дела, но за вистински дела. Тој истакна дека граѓаните на Охрид ќе гласаат за помошта која што локалната самоуправа и овој градоначалник ја дава на ракометниот клуб Охрид 2011, без која не би живеел клубот, за помошта на кошаркарите, боксерите, фудбалерите, атлетичарите и на сите спортски клубови како и додега така и понатаму ќе им биде обезбеден бесплатен превоз и бесплатно користење на спортските терени, а повторно ќе бидат стипендирани најдобрите спортисти.
На крај Станковски се осврна и од иделошка гледна точка.
„Често пати можеме да забележиме на рекламните спотови на ДПМНЕ дека гласот даден за Љубчо Георгиевски е глас за Бранко Црвенковски. Бараме одговор дирекно од кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески кој го постави за директор на болницата? Дали во 2006 година тој беше член на СДСМ и дали Бранко Црвенковски беше негов лидер?! Исто така, бараме сите кандидати од кандидатската листа за советници на ДПМНЕ да кажат од кога се членови на таа партија. Гласот за Сојузот за иднината е глас за Македонија, за спас на Македонија. За среќа на охриѓани, во Охрид повторно градоначалник ќе е Александар Петрески со мнозинство во Советот на Сојузот за иднината. Охрид успешно ќе продолжи да се развива, а за неколку месеци и без кочење од централната власт откако на предвремените парламентарни избори ќе го симнеме овој режим“. – додаде Станковски.
WebOhrid