Сојузот за иднината испрати реакција во врска со денешната изјава на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески, која беше дадена во Заводот за Кардиоваскуларни заболувања.
„Денес граѓаните беа сведоци на уште една пародија со здравството и со пациентите. Кандидатот од ДПМНЕ, Бакрачески без нималку пардон ги покана новинарите да присуствуваат на една од неговите операции, погазувајќи ја етиката истоовремено злоупотребувајќи ги човечките судбини во партиски цели.
Господине Бакрачески, бараме веднаш да се извините. Од друга страна време е да престанете да се фалите со сето она што сте го направиле под државна капа, потпомогнати од СДСМ и нивни министри. Имено овие оперативни зафати се рутинска операција секаде во светот и затоа немој да се однесувате како после ова видео дека ќе добиете нобелова награда.
Имајќи предвид дека Вие сте кардиолог, прашуваме дали помалку важен ќе бевте доколку бевте гинеколог и дали исто вака ќе повикавте новинари да присуствуваат на овие интервенции, или пак сте двоен моралист кој сака да извлече максимум од ситуацијата. Хипократовата заклетва треба да ви е водич а не популистичката заклетва кај Премиерот Никола Груевски“. – стои во реакцијата од Сојузот за иднината.
WebOhrid