ВМРО-ДПМНЕ: Денешната реакција на Петрески е панична реакција на уплашен човек

Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот за иднината, односно на актуелниот градоначалник Александар Петрески, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои:

„Денешната реакција на Александар Петрески за некаков си „лом“ во Охрид е панична реакција на уплашен човек на кого му се случува “лом“  во главата заради фактот дека сигурно ги губи изборите во недела во Охрид и тоа уште во првиот круг. 

Петрески соочен со тој факт на веќе сигурен пораз го губи тлото под нозете и во тоа губење сака да го вовлече и Охрид и граѓаните.

Во недела, со волјата на граѓаните, заминува од местото Градоначалник на Охрид, човекот кој не создаде ништо, а направи негативни  несогледливи последици за иднината на Охрид“. – стои во реакцијата.

WebOhrid