Крка 68-80 МЗТ Скопје

Во последното коло од јадранската АБА лига тимот на МЗТ гостуваше против Крка. Првото полувреме беше доста неизвесно, двете страни беа рамо до рамо, но сепак и двете први четвртини домашните ги добија со по еден поен разлика, односно Крка на полувреме замина со водство од 40-38.

Уште на самиот почеток на второто полувреме нашите кошаркари ја анулираа предноста која ја имаше домаќинот на полувреме. Добрата и храбра игра на кошаркарите на МЗТ Скопје во третата четвртина ни донесе високо водство со резултат 53-61.

Уште поубедлива беше последната четвртина каде кошаркарите на МЗТ ја направија разликата уште поголема за да го заокружат со победа од 68-80 овој последен натпревар оваа сезона во АБА лигата.

МЗТ Скопје, АБА лигата ја заврши на 7-та позиција со 14 победи и 12 порази.

WebOhrid