Никола Јакимовски го постигна својот првенец за Нагоја

Во јапонскиот куп Саган Тосу на домашен терен изгуби со 1:2 од Нагоја Грампус. Никола Јакимовски го постигна својот гол првенец за тимот на Нагоја. Тој го отвори резултатот уште во 15-та минута, домаќините изедначија 4 минути подоцна, а конечниот резултат неговиот тим го постави во 75 минута.

Јакимовски „се пресели“ во Јапонија во зимскиот преоден рок. Оттогаш тој е стандарден во Нагоја, тим кој го води Драган Стојковиќ – Пикси, додека пак помошник тренер е Бошко Ѓуровски.

WebOhrid