Футсал, Шпанија 5:1 Македонија

Македонската футсал репрезентација со пораз од Шпанија ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство. Домаќинот на турнирот, европскиот првак Шпанија славеше со 5:1 во првиот натпревар од групата “4’. Фернандао во 11. минута и Раул Кампос со два гола (17. и 18. минута) погодија во првото полувреме за предност од 3:0. Лозано и Мигуелин се запишаа во листата на стрелци во второто полувреме, Адријан Мицевски во 40. минута го даде голот за Македонија. Нашата репрезентација натпреварот го започна во состав: Удовалиев, Левески, Мицевски, Јовановски и Ранготов.

Во вториот натпревар од нашата група, Хрватска ја победи Шведска со 7:0.