Футсал, Македонија поразена од Хрватска

Македонската футсал репрезентација прими гол на девет секунди до крајот од натпреварот со Хрватска за конечни 2:3 во пресметката од вториот круг на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство 2014 година. Нашата репрезентација одигра одличен натпревар против полуфиналистот од последното континентално првенство. Без голови на полувреме, Хрватска два пати имаше предност во вториот дел, Македонската репрезентација преку Драган Петровиќ резултатски се враќаше на егал. Шансата за позитивен резултат ја загубивме во последните секунди од натпреварот, Тихомир Новак на девет секунди пред крајот го постигна погодокот за победа на Хрватска.

Со вториот пораз на турнирот во Шпанија, нашата селекција ги загуби шансите за пласман на Европското првенство 2014 година.

Во последниот круг од квалификациите, Македонија ќе игра против Шведска. Победа против скандинавците ни обезбедува директен пласман во следните квалификации за големо натпреварување.