Врнежите не дозволуваат намалување на нивото на вода во Охридското Езеро

Новите врнежи од дожд како и топењето на снегот предизвикано од високите температури во изминатиов период, значително го зголемија дотокот на вода, а тоа влијаеше на порастот на водостојот на Охридското Езеро и останатите природни и вештачки езера во Македонија.

Од АД ЕЛЕМ информираат дека секојдневно внимателно ја следат состојбата на хидроакумулациите, а со цел стабилизирање на порастот на нивото на акумулациите, прават соодветни прилагодувања на режимите на истекот на вода, особено на истекот на Охридското Езеро и истекот од акумулацијата Шпилје. Исто така и понатаму континуирано ќе ја следат состојбата и ќе ги преземаат сите потребни мерки во согласност со хидролошките и временските прилики за стабилна и сигурна работа на акумулациите, како и стабилна и сигурна испорака на електрична енергија.

Според УХМР, и наредниве денови не очекува претежно облачно време со услови за врнежи од дожд.

EzeroNivo2WebOhrid