Шведска – Македонија на 3-ти јуни во Малме

“А“ репрезентацијата на Македонија на 3 јуни 2013 година во Малме ќе игра пријателски натпревар со “А“ репрезентацијата на Шведска. Договорот меѓу Фудбалската федерација на Македонија и асоцијацијата на Шведска официјално беше потврден денеска.

Пресметката против Шведска, селекција рангирана на 21-то место на светската ранг листа ќе биде трет за нашата репрезентација против еден од најдобрите репрезентативни состави во светот. Во квалификациите за СП 2002 година, Македонија двапати загуби. Во Гетеборг, со 0:1, во Скопје, 1:2.

Пресметката против Шведска ќе биде трет скандинавски тест годинава за Македонија. Во Скопје, “рисовите“ победија против Данска со 3:0. На 11 јуни 2013 година гостуваме во Осло против Норвешка.