Олимписки семинар за спортски менаџмент „Управување на националните спортски федерации НСФ“

Во периодот 5 до 6 април 2013 година, Македонскиот олимписки комитет ќе организира семинар за спортски менаџмент и обука на спортската администратиција за олимписките спортски организации како што се Националните спортски федерации, спортските клубови и другите спортски институции.

Предавач на семинарот ќе биде Проф. Д-р Тjери Зинк, Декан на Факултетот за моторички науки, физичко воспитување, кинезитерапија и реадаптација при Католичкиот Универзитет во Лувен (Белгија) кој е и почесен член на Центарот за истражување на компаниски промени и иновативни стратегии (CRECIS). Тој е Заменик претседател на Олимпиското здружение за спортски менаџмент “Хенри де Бел-Латур и Жак Рог“, а поставен е и за Директор на Мастер студиите за спортски менаџмент за високи раководители на олимписки спортски организации. Проф. Д-р Тјери Зинк е и потпретседател на Белгискиот олимписки комитет.

Отварањето на Олимпискиот семинар за спортски менаџмент ќе започне утре (5 април 2013 година), со почеток во 9:30 часот, во просториите на Универзитетот за Туризам и менаџмент, Скопје.